Пендаровски се сретна со Касами

363

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска се сретна со претседателот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

-На средбата се разговараше за севкупните политички состојби во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи на потребата сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски истакнал дека сите релевантни политички субјекти во Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните.