Пендаровски е претседателски кандидат на владејачката коалиција

495
Фото: Дарко Андоновски

Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по вечерашната средба со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

– Се обединивме повторно сите Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми Бошњаци и сите други. За првпат во македонската историја различните застануваат зад Стево Пендаровски. Пендаровски одамна одлучи да оде напред и да влече. Да биде локомотива. Голема благодарност за другите кандидати, министри од Владата кои покажаа големина и го поддржаа надпартискиот кандидат. Да живее нашето заедништво. Да живее нашето заедничко општество. Ова е историска одлука. Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија – изјави Заев.

Тој посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над паетиските интереси.