Пендаровски на средба со Илир Мета во Албанија

65

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојува во официјална посета на Република Албанија.

Во Тирана, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Мета ќе имаат заедничка прес-конференција со почеток во 13 часот.