Пендаровски и Ахмети: Главна цел на државата се преговорите за членство во ЕУ

66

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, Пендаровски порачал дека државата е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО.

-Тоа е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата- посочил претседателот.

Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата, а двајцата соговорници се согласиле дека главна цел на државата во моментов е отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.