Пендаровски за неколку часа собра над 15 илјади потписи

385

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ја доби
огромната поддршка на граѓаните за неговата кандидатура за претседател на државата во сите градови во Република Македонија, истакна на денешниот брифинг со новинарите генералниот секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски.

За кандидатурата на Пендаровски се изјасниле во само еден ден над дваесет илјади граѓани, а тој ја добил поддршката и на 60 пратеници.

-Во историјата на Македонија ова е единствената кандидатура за претседател на државата која е поддржана од сите. Како од граѓаните, така и од над 30 политички партии. Зад кандидатурата на Пендаровски се изјаснија Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци. Ова заедништво на најдобар начин покажува како ќе биде на изборниот ден на 21 април. На граѓаните им е потребен вистински претседател. Претседател којшто гледа напред, кон перспектива, и што ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО. Со еден збор на нашата држава и на граѓаните, потребен им е Стево Пендаровски – рече Кирацовски.

Одговарајќи на прашањето, како ќе ја коментира изјавата на Стево Пендаровски дека бил следен од служби блиски до опозицијата, Кирацовски изјави:
– Штом иден претседател на државата алудира на одредени индиции за следење од одредени служби, евидентно е дека тие постојат, и тука МВР веднаш презеде иницијатива да бидат откриени и да бидат изведени пред лицето на правдата – додаде Кирацовски.

М.М.