Пендаровски во посета на Албанија

54

Претседателот Стево Пендаровски утре, сабота, ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Во Тирана Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета, а ќе се сретне и со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Грамоз Ручи, најавија од кабинетот на Пендаровски.

Во рамки на официјалната посета на Албанија, Пендаровски во Тирана ќе учествува и ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната федерација за мир.