Патот до ЕУ не треба да го кочат неправедни условувања

116

Пахор на средба со Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со словенечкиот претседател Борут Пахор.

Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери изразил задоволство од одржувањето на средба со државник кој доаѓа од пријателска земја и е промотор на нашите евроатлански интеграции.

Особено ја поздравил иницијативата на Пахор за Брдо-Бриони процесот и визијата за стабилизација на регионот преку регионална соработка, како чекор пред негова интеграција во Европската Унија.

– Како 30-та земја членка на НАТО и земја која очекува формално отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, земјата и нејзините институции се подготвени соодветно да одговорат согласно преземените договорни обврски – заклучил Џафери.

Пахор изразил благодарност за можноста за размена на мислења и за обраќање пред пратениците во македонското Собранието, како израз на пријателство и градење сојузништва особено во тешки и непредвидливи времиња.

Тој ја поздравил државничката мудрост на претходната влада и собраниското мнозинство за надминувањето на сензитивни и тешки билатерални прашања со соседите.

– Република Словенија ќе продолжи да ве поддржува на патот кон полноправно членство во Европската Унија и на тој пат не треба да постојат неправедни условувања кои ќе го кочат процесот – заклучил словенечкиот претседател.