Партиските лидери повторно ќе разговараат за датумот на изборите

69
Фото: Игор Бансколиев

Партиските лидери напладне повторно ќе разговараат за термин за одржување на предремените парламентарни избори, на новата средба во Вила Водно кај претседателот Стево Пендаровски, по онаа одржана во вторникот.

На средбата се поканети лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење БЕСА, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски, како што соопшти кабинетот на Пендаровски. Сите поканети лидери го потврдиле учеството на средбата.

Изборите првично беа закажани за 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ризикот од ширење на коронавирусот.