Османи: Ќе имаме појасна позиција по анализата на бугарскиот одговор на акцискиот план

339

Акцискиот план за спроведување на договорот со Бугарија може да биде корисен за надминување на проблемите меѓу двете држави, истакна министерот за надворешни односи Бујар Османи во вчерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма, додавајќи дека во интерес на Македонија е соседните земји да се вратат на договорот.

Османи смета и дека македонскиот идентитет не треба да се брани преку влегување во изборниот амбиент во Бугарија, туку да се продолжи со официјалната комуникација на министерствата и спроведувањето на акцискиот план.

Тој нагласи дека според македонскиот пристап историјата нема да се користи како процес за ревизија на идентитетот, туку за надминување на постоечките стереотипи. Шефот на македонската дипломатија го изрази мислењето дека во последните четири месеци е забележан одреден напредок во официјалната комуникација помеѓу Македонија и Бугарија.

Османи истакна дека политиката на македонската влада е принципиелна и ќе даде резултат, иако призна дека патот до напредок е тежок и комплексен.