Османи: Создаден е моментум што треба да го искористиме

696

Создаден е моментум кој сум убеден ќе знаеме да го искористиме, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред учесниците на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на Процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ.

– Создаден е моментум кој сум убеден ќе знаеме да го искористиме. Мотивацијата со којашто влегуваме во овој процес е силна и како држава подготвени сме да преземеме брзи, и таму каде што е потребно, радикални реформи – рекол Османи.

Според него, државите од регионот заради заедничкиот географски, историски и социоекономски потенцијал треба да ја споделуваат и заедничката европска иднина.