Османи на средба со главниот државен ревизор во пресрет на изборите

50
Бујар Османи

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе остварат работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

Средбата е дел од серијата институционални посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, а со цел – остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.

Средбата ќе се одржи во просториите на ДЗР во 12 часот, по што со почеток во 12.45 часот, Османи и главниот државен ревизор Ацевски ќе имаат заеднички изјави за медиумите.