Османи – Галовеј: Велика Британија е еден од најважните партнери на Македонија

93

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.

– Го започнувате вашиот мандат во клучен момент за Република Македонија, период кога Советот на ЕУ донесе временска рамка за почеток на преговори во јуни, но и период кога земјата ги почнува преговорите за членство во НАТО, истакнал Османи, сооопшти прес-службата на владиниот Секретаријат за европски прашања.

Османи посочил и дека очекува да продолжи поддршката од страна на Велика Британија за интеграциските процеси на Република Македонија. Укажал и на значењето што за земјава го има и билатерална помош од страна на Велика Британија, изразувајќи надеж дека таа ќе се интензивира согласно исходот од процесот БРЕГЗИТ, и согласно интересот кој Велика Британија го покажува за напредокот на земјите од Западниот Балкан.

– Билатералната соработката, и поддршката од страна на Велика Британија, има значајна улога во имплементација на реформите во различните области како што се администрацијата, образованието, во правосудниот систем, унапредување на демократијата, владеењето на правото, безбедносниот систем, итн, рекол Османи.

Тој повторил дека Обединетото Кралство е еден од најважните партнери на Република Македонија и изразил благодарнот што и покрај сложените сопствени предизвици околу процесот БРЕГЗИТ, Велика Британија сепак останува силен поддржувач на политиката на проширување на ЕУ, која ја смета како гарант за стабилноста и безбедноста на Европа во целина.