Општа мобилизација за одбрана на националните прашања

139
Фото: Игор Бансколиев

Дебатата што предизвика голем интерес на форумот во Криница беше насловена „Одбрана на угледот на Полска и Полјаците на меѓународната сцена“, на која учествуваше и претседателот на Сенатoт на Полска, Станислав Карчевски. Се слушнаа најразлични предлози како најдобро и најефикасно треба да се брани угледот на една земја на меѓународната сцена… Преку едукација, познавање на сопствената историја, култура, литература и со вклученост и мобилизација на сите сегменти во општеството и многу поголема активност за заштита на националните прашања.

– На луѓето им треба мобилизација, им треба сигнал. Треба да се користи историјата за промоција на земјата, но, за жал, има и примери кога историјата се креира со помош на некои надворешни центри за преиначување на историската вистина – беше посочено на трибината.