Објавени кандидатите за нови министри и заменици министри

1580

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ги соопшти одлуките донесени на седницата на Централниот одбор на СДСМ, која започна во 18 часот.

Заев потврди дека кандидатка за министерка за финансии ќе биде Нина Ангеловска, а нејзиното име ќе биде на листата на нови министри и заменици министри, која премиерот утре ќе ја достави до Собранието. На листата ќе биде и кандидатот за нов заменик министер за економија, Кирил Колемишевски, а за заменичка министерка за образование е назначена Елизабета Наумовска. Заев истакна дека Кире Наумов ќе биде нов директор на Развојната Банка на Македонија. Премиерот и СДСМ го предлагаат Неџат Мехмедовиќ за заменик министер за новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

На Централниот одбор на СДСМ вечерва беа именувани и новите партиски потпретседатели. Функциите ги напуштаат Петре Шилегов и Фросина Ременски, а на нивните места ќе бидат поставени Коста Петров и Мила Царовска. Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири повторно се именувани за потпретседатели.