Нови протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа

197

Два нови протести против Договорот од Преспа ќе се одржат попладнево во Солун и Атина.

Собирите се меѓусебно неповрзани, а како организатори се јавуваат граѓански движења кои и се малку познати на јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчката престолнина, на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во 18 часот по локално време, на протест повикаа „Движењето за национална одбраа и за Македонија – Александар Велики“ и „Научната комисија за национални прашања“. Тие, ќе протестираат за, како што велат, „да го запрат договорот на предавство“.

– Грција значи Македонија. Сите Грци, обединети заедно пред парламентот на Синтагма, во недела на 1 јули во 18 часот. Ќе бидеме таму за да ги одбраниме нашата Грција, Македонија, историјата, националниот суверенитет, Уставот и демократијата, повикуваат организаторите преку видео спотот објавен на социјалните мрежи.

За еден час подоцна, во 19 часот по локално време, закажан е собир во Солун и протестен марш низ улиците на градот за „поништување на договорот што го отстапува терминот Македонија на Скопје.