Нимиц: Работевме напорно, Заев и Ципрас ќе се сретнат на 17 мај во Софија

1829

Средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе има на 17 мај во Софија, најави денеска медијаторот Метју Нимиц, по средбата со шефовите на двете дипломатии во близина на Атина.

– Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам – рече Нимиц.

Разговорите и преговорите во хотелот во Сунио на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, траеа речиси шест часа.