Нимиц: Двете страни се посветени кон изнаоѓање решение

1049

Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели, изјави медијаторот Метју Нимиц по средбата што се одржа попладнево во канцеларијата на ОН во Виена.

Министрите Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.

Премиерот Заев денеска изјави дека очекува да биде направен исчекор на средбата во Виена.

– Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор и сега, во Виена, да ја искористиме секоја можност за приближување кон конечното решение. Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите зад нив и јас и Ципрас од другата страна даваме поддршка и охрабрување за да се изнајдат конструктивни и креативни решенија кои буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања и ќе бидат достоинствени за двете земји и нивните граѓани – рече Заев.