Николовски: Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба

66

Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба, на прво место за СДСМ е здравјето на граѓаните, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски одговарајќи на новинарски прашања.

– Ние сме фокусирани на поддршка на институциите во борбата против коронавирусот. Мерките за справување со коронавирусот даваат резултат и тоа е добро, но, се додека не се воспостави целосна контрола над коронавирусот во рамки на здравствениот сектор се уште е рано да разговараме за избори и за лидерска средба – одговори генералниот секретар Николовски.

Генералниот секретар апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките.