Не сакаме да си имаме работа со вас!

1567

Реакцијата беше очекувана, но зошто беше запалено бугарското знаме? Овој настан можеме да го објасниме со култната сцена од македонскиот филм „Балканот не е мртов“. Во неа, музичарите (членови на македонска група „Фолтин“) пред Осман-бег го пренесуваат одговорот на Анѓа: „Ајде слушам, слушам, клето бе Турче, анама не бидам. Турски не разбирам, клето бре Турче, вера не менувам.“ Откако внимателно ќе ги ислуша, Осман-бег запрашува: „Баш така ви рече?“ И го добива одговорот: „Од збор до збор, бегу!“ На што Осман-бег вели: „Е па, нека не менува вера, мене не ми смета!“ На овие зборови, еден од музичарите одговара: „Ама мислам дека тоа е повеќе кажано како метафора! Во смисла дека не сака да има работа со вас! Песната е таква форма каде што чувствата се изразуваат послободно од обичниот говор!“

Историски гледано, практиката на веење знаме со намера да се определи одредена земја, надвор од контекстот за војување, стана вообичаена со истакнувањето на поморското знаме во почетокот на 17 век. Со појавата на националните движења во 18 век, настануваат и првите национални знамиња на одредени нации. Еден од најраните примери е националното знаме на Соединетите Американски Држави, кое беше усвоено во 1777 година како поморско знаме, а во текот на Американската револуција се оформи како американски национален симбол. Во Европа, националните знамиња беа прифатени во текот на 19 век и почетокот на 20 век. Во овој период настанува и бугарското национално знаме, конкретно во текот на бугарската револуционерна борба за слобода и држава. Првото бугарско знаме со бела, зелена и црвена боја првпат беше користено во 1861 година, од бугарските легии организирани од великиот бугарски револуционер Георги Раковски. Неговата кодификација беше извршена со членот 23 од првиот бугарски устав на 16 април 1879 година, кога беше определено дека бугарското национално знаме е тробојно, кое се состои од бела, зелена и црвена боја, поставени хоризонтално.
Но кое е значењето на националното знаме? Семјуел Хантингтон вели дека „во светот, по Студената војна, знамињата имаат свое значење, како и другите симболи на културниот идентитет: крстовите, полумесечините, па дури и шамиите за глава, бидејќи културата е битна, а културниот идентитет е меѓу најважните нешта за луѓето. Луѓето сега често откриваат нови, но, всушност, стари идентитети и маршираат под нови, но, всушност, стари знамиња, кои доведуваат до војни со нови, но, всушност, стари непријатели.“ Со други зборови, националното знаме е идентитетска симболика, следствено бугарското национално знаме е симбол на бугарштината, како што геслото „Македонија на Македонците“ е симбол на македонштината.

Затоа не треба да нѐ зачудува остриот вербален демарш што пристигна од бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и бугарската министерска Екатерина Захариева за чинот сторен во Вевчани. За овој настан Захариева истакна: „По повод медиумските објави за изгореното знаме во селото Вевчани во Република… Македонија, му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да ја изрази… нашата силна огорченост од тој вандалски чин.“
Реакцијата беше очекувана, но зошто беше запалено бугарското знаме? Овој настан можеме да го објасниме со култната сцена од македонскиот филм „Балканот не е мртов“. Во неа, музичарите (членови на македонска група „Фолтин“) пред Осман-бег го пренесуваат одговорот на Анѓа: „Ајде слушам, слушам, клето бе Турче, анама не бидам. Турски не разбирам, клето бре Турче, вера не менувам.“ Откако внимателно ќе ги ислуша, Осман-бег запрашува: „Баш така ви рече?“ И го добива одговорот: „Од збор до збор, бегу!“ На што Осман-бег вели: „Е па, нека не менува вера, мене не ми смета!“ На овие зборови, еден од музичарите одговара: „Ама мислам дека тоа е повеќе кажано како метафора! Во смисла дека не сака да има работа со вас! Песната е таква форма каде што чувствата се изразуваат послободно од обичниот говор!“
Во Османлиското Царство, Македонецот не можел слободно да ги изразува своите чувства и мисли, затоа морал да пронајде поинаков начин на изразување и тоа го направил преку македонската народна песна. Многумина заборавија дека станува збор за карневал, каде што чувствата и мислите се изразуваат послободно, слично како во музиката или карикатурата. Далеку од тоа дека одобруваме или поттикнуваме ваков чин. Можеме да обвинуваме и осудуваме, но нас нѐ интересира причината што доведе до овој настан, а таа е очигледна и сите Македонци ја разбираат.

Македонската нација веќе подолг период е под опсада и од неа се бара да потпише капитулација. Зборовите опсада и капитулација не се во наводници затоа што реалноста е таа. Зошто под опсада? Со месеци слушаме дека Македонците се вештачка нација, македонскиот јазик е западнобугарски дијалект, македонската историја е бугарска, вештачка творба, вештачка творба, вештачка творба и сѐ така до бесконечност. И во ниеден момент Македонецот не беше заштитен! Нашите политички лидери никогаш не испратија јасна порака дека однесувањето на бугарската политичко-општествена елита е вандалски чин. Зошто капитулација? Красимир Каракачанов, бугарски министер за одбрана, пред неколку дена истакна дека Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари ако го потпише анексот од 12 точки што бил доставен до македонската влада. Нема да навлегуваме во подлабоко образложување на бугарскиот ултиматум, меѓутоа тој е поекстремен дури и од австро-унгарскиот ултиматум од јуни 1914 година испратен до Србија. Меѓу другото, во овој ултиматум од Србија се бара: да се спречи издавање публикации што потикнуваат омраза и непријателство кон Австро-Унгарија; од јавното образование да се отстрани сѐ што би можело да служи или да послужи за потикнување пропаганда против Австро-Унгарија итн. Не смееме да заборавиме дека одбивањето на австро-унгарскиот ултиматум беше повод за воен напад врз Србија и почнување на Првата светска војна. Каков апсурд! Една земја-членка на Европската Унија во 21 век се однесува поекстремно од една империјалистичка држава. Зошто поекстремно? Затоа што од нас се бара да се самоукинеме и да прифатиме една бугарска квазиреалност! Ние не сме ниту во ситуацијата на Анѓа, од која Осман-бег не бара да ја промени верата.

Сега да одговориме зошто беше запалено бугарското знаме. Во недостиг од јасен став од страна на македонските политичари, Македонецот го кажа својот одговор. Можеме бесконечно да дискутираме дека станува збор за вандалски чин, но не смееме да ја заборавиме суштината. Македонецот соочен со постојаните бугарски закани и уцени го даде својот одговор, а тој гласи: „Не сакаме да си имаме работа со вас!“ Од нас се бара да се откажеме од македонската и да ја прифатиме бугарската националност! Затоа сме сведоци на немили настани како оној во Вевчани!