Не може да се очекува една страна во преговорите да изврши самоубиство

551

Бугарски интелектуалци порачуваат

Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик. Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство, истакна група бугарски интелектуалци во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до канцеларијата на ЕУ во Бугарија.

– Бугарската влада веднаш да го одобри почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата… – се наведува во писмото, објавено од страна на Бугарската заедница за либерална демократија.

Бугарските интелектуалци предлагаат и транспортната инфраструктура меѓу Бугарија и Македонија на Коридорот 8 да биде именувана „Гоце Делчев“, како еден од првите чекори во меѓудржавната соработка.

Во писмото се потпишани 30 бугарските интелектуалци: историчари, социолози, политолози, економисти, правници, новинари, активисти за човекови права, психолози и еден поранешен советник на бугарскиот претседател Жељу Жељев. Ова е второ слично писмо на група бугарски интелектуалци по првото објавено во октомври, во кое се критикуваше т.н. објаснувачки Меморандум на Софија испратен до другите ЕУ-членки. Претходно, академици од Бугарија реагираа и на Декларацијата на бугарскиот парламент за Македонија.