Најголема излезеност во Гостивар, а најмала во Врапчиште

341

Според обработените податоци во изборните комисии до 15 часот во општина Маврово – Ростуше на гласање излегле 1.572 гласачи, односно 15,9 проценти од запишаните 9.721 граѓани со право на глас.

Во општина Врапчиште излезеноста на претседателските избори до 15 часот изнесува 12,61 проценти (3.227) од вкупно запишаните 25.594 гласачи.

Во општина Гостивар на гласање излегле 13.855 гласачи, односно 17,45 проценти од вкупно 79.493 запишани во избирачкиот список.