Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

115

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.

Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска.

Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.