Мултановски: ЕУ и НАТО да ја искористат можноста за решавање на проблемот со името

936

Сметаме дека има место за земјите од Западен Балкан во ЕУ и тој процес не треба да биде запрен, затоа ние ја почитуваме вашата вредна работа и исто така се обидуваме да ја промовираме оваа идеја и сега трендот во ЕУ е доведување на стабилност, економски развој, зголемување на животниот стандард, вели полскиот амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа

Прашан колку ризиците од засиленото руско влијание на Балканот придонесуваат ЕУ и САД повеќе да се заинтересираат за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, Мултановски вели дека Русија врши многу агресивна политика кон Западот и нејзините обиди се со цел промена на меѓународниот поредок, не земајќи ги во предвид меѓународните обврски.

– Истовремено, сакам да потенцирам дека ние како земја членка на ЕУ и НАТО сакаме да имаме прагматични односи со Русија, да имаме дијалог, но истовремено да го почитуваме меѓународното право. Она што се случува сега во насока на односите меѓу Република Македонија и Грција, исклучително е важно како тие ќе се развиваат за идната стабилност на земјата и на регионот. Разбирам дека не сите земји членки на НАТО се заинтересирани да кажат Македонија и направени се некакви обиди за запирање на овој процес, но оваа можност која можеме да ја видиме во моментов за решавање на прашањето за името е важна, а ЕУ и НАТО треба тоа да го искористат – посочува Мултановски.