Могерини: Да се искористат можностите за почнување пристапни преговори

123

Следната година ќе биде интензивна за подготовките за почнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Овие можности мора да се искористат сега – оваа година е таа година. Не станува збор за отстапки, тоа е во интерес на европските граѓани, како во рамките на ЕУ, така и надвор од нејзините граници, порача шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во денешното обраќање пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

Могерини претходно потсети дека летово Атина и Скопје постигнале договор и дека референдумот за ова прашање ќе се одржи за неколку недели.

– На Балканот денес е многу јасно дека ЕУ е референтна точка. Допуштете ми да им кажам на сите што се плашат дека други сили се се повеќе присутни во регионот – секогаш кога сме присутни во регионот, за другите нема место, подвлече високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност.