Мијалков: Историското ВМРО имало про-западна ориентација

1118

Поранешниот директор на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков повикува на единство во членството на партијата и потсетува дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање.

Тој во изјава за „Прес24“ вели дека најмалку потребно е во овие моменти создавање на поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.

-Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија, вели Мијалков.

Мијалков отфрла било какви шпекулации за негово влијание кон било кого во партијата и дека од денот на неговата оставка од сите партиски функции минатата година, нема учество во работењето на политичката партија во која поминал децении.