Мицкоски: Kакви и судии да имаме, криминалот ќе се амнестира додека постојат политичари како Заев

89

Излажаа и за ветингот на судиите, затоа што го држат на краток ланец „сваровски“ и „трас-трас“ судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен, вели во објава на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсетува дека премиерот Заев ветувал ветинг во судството, односно дека тоа минатата година било главна тема.

– Реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии да имаме, се додека има некој како Заев кој се јавува по судии и диктира одлуки, ќе имаме криминал кој се амнестира и судии кои се корумпирани. Да ги прочистиме политичарите пред тоа да се направи со судиите – вели Мицкоски во објавата.

Според него, власта повторно лаже, бидејќи, како што вели, пред некој ден и министерот за правда рекол дека нема да има ветинг.

– Тоа е така затоа што истите „сваровски“ судии кои носат „трас-трас“ одлуки станаа слуги на Заев и сега не му сметаат. Токму затоа државата ни е најкриминална во Европа. Треба да знаат дека по промената на власта ќе одговараат сите до еден, до последниот кој направил и заштитил криминал – порачува претседателот на опозициската партија.