Мицкоски се сретна со Хајко Мас

95

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски се сретнаа со министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас.

На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка, и јакнење на политичката и економска соработка.

Мицкоски истакна дека претстојат промени во државата, пред сѐ поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт. Тој исто така наведе дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Македонија.

Тој посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

Мицкоски посочи дека новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

Мицкоски истакна дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.