Мицкоски: СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните

345

Ни ветуваа живот, донесоа пекол. Откако го донесоа пеколот почнаа да не делат на вакви, онакви. Почнаа да не делат на луѓе кои што биле Европјани и на луѓе кои што биле против Европа и против прогресивните сили. А, позади завесата ја пљачкосуваат и ја уништуваат секоја една педа од татковината, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при средбата со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар.

-СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните па поради тоа нивните собири се одвиваат на полупразни плоштади. Се носат граѓани со автобуси од други градови со притисоци, уцени и закани- забележа тој.

Мицкоски посочи дека договорот со Грција е најлошото можно решение за Македонија. Со овој документ Заев ја понижува државата, а Македонија го губи името, се менува Уставот, се губи идентитет.

-Договорот од Преспа се повикува на еден документ кој што се нарекува Повелба на ОН, основен принцип на таа повелба стои немешање на внатрешните работи на една држава. Ако промена на Устав не е мешање во внатрешните работи, што е тогаш мешање во внатрешни работи? Уште од самиот почеток, во самата преамбула овој договор е контрадикторен самиот по себе, истакна Мицкоски.

Потсети дека Зоран Заев не го зачува идентитетот туку и тоа што го имавме досега, а што било дел од личната карта на нашата држава од ОН го изгуби.