Мицкоски на средба со коалициските партнери

101

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери.

Состанокот следи по лидерската средба што синоќа се одржа по барање на претседателот Стево Пендаровски, поради недобивањето датум за почеток на преговори со ЕУ.

На лидерската средба која се одржа на иницијатива на Пендаровски беше постигната согласност за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април.