Мицкоски: Имаме план како државата да ја ставиме на брзата лента за членство во ЕУ

86

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европерспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.

– Мицкоски истакна дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата лента за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Владата предводена од СДСМ доживеа неуспех на полето на реформите и доближување на државата до европскиот стандард. Тој напомена дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата кои се најистакната во највисоките ешалони од власта и дека до ден денес голем број на корупциски афери немаат правна разрешница, што пак се аргумент за оние кои се противат на проширувањето на Унијата – соопшти партијата.

Мицкоски на Вархеји му се заблагодарил за поддршката која ја дава за членството на Република Македонија во ЕУ и нејзиното проширување, притоа додавајќи дека патот кон просперитетен и успшен на регион води преку Брисел и членството во ЕУ.Што се однесува на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласија дека демократскиот и фер изборен циклус на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја е клучен за иднината на нашата држава и како и за нашата европерспектива, се додава во соопштението.