Мицкоски: Зоран Заев подготвува нов национален пораз

618

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во битка за спасување на државата, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на протестот во Скопје на кој беше побарана оставка на премиерот Зоран Заев.

– Сето она што го кажа во интервјуто за бугарскиот медиум, ретуширање на историјата, откажување од слободарското антифашистичко наследство, од правото на македонско малцинство, од нашите херои, се работи на кои претходно предупредив дека Зоран Заев кога бил опозиционер ги ветил на соседна Софија. Но тогаш како и секогаш претходно кога предупредував на ова, на големите порази кои ги навестуваше Заев, тие одговараа дека тоа не било ништо друго освен во главата на вмровците – кажа Мицкоски.

Според него, јавноста сега има доволно искуство за да не дозволи репризи на предавствата.

– Денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме сè. И за оваа битка драги пријатели потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави – порача претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека ова се деновите кога народот треба да излезе и да го каже звојот став.

Според него, ако македонската држава се откаже од партизаните, ќе се откаже и од Илинденците, а со тоа и од столетната борба за слобода.

 – Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашата историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна – порача Мицкоски додавајќи дека денешниот протест е на народот против лошите политики кои носат лош живот и урнисано достоинство.