Мицкоски: Економијата оди надоле, мерките се изборна измама

100

Покрај серија на прес конференции на власта за тоа како добро се живее и колку многу се помага на економијата, во реалноста имаме вистински хаос од проблеми, беспарица и тежок живот.Тоа што лошо се менаџира кризата со корона е голем проблем. Но, подеднакво лошо дури и многу хаотично е во економијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Имаме три пакети на мерки и многу пластично можат да се споредат ефектите од нив. Бенефити нема, се полошо е во економијата, а најновиот пакет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна функција, односно може слободно да се каже дека претставува изборна измама. Имама која сега се вика трет пакет на мерки, а иста како онаа дека ќе имало просечна платат од 500 евра, чист воздух, ќе дошол живот, ќе имало реформи во судството и правосудството, правда за секого, „Фејсбук“ и „Гугл“ ќе дошле ќе инвестирале во Македонија итн. – вели тој.

Според Мицкоски, единственото економско достигнување остварливо за владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за 4 месеци. Секое домаќинство е задолжено со нови долгови, а граѓанинот исто како и бизнисот мака мачи да сврзе крај со крај.

– Не е ова мегдан за добивање на политички поени, туку да се укаже дека вака повеќе не оди и дека економијата страда. А економијата оди надоле затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски. Само датумите се нови, а исти се лагите, невистините и манипулациите. Во продолжение би сакал да се осврнам на неколку конкретни показатели врз основа на кои одлучивме на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба. На тој состанок постоеја две причини за да се воведе вонредната состојба и тоа првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори кои што требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки кои што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството.

Што се случи? Се донесе уредба со сила на закон за одложување на изборите кој што ја нема легитимитетот од опозицијата и за тоа зборував во неколку наврати изминатите денови за време на моите изјави кои што ги давав во јавноста, бидејќи ќе спомена уште еднаш техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи не ја гласаше таа уредба од причини веќе познати на јавноста., а кога сме кај сетот економски мерки би сакал малку подетално да се осврнам на ефектот од истите. Денеска е точно 66-от ден од воведување на вонредната состојба, нема да се задржам на уредбите со сила на закон кои што некому му донесоа лиценца за одгледување на марихуана, нема да ги коментирам уредбите за брусење на дијаманти или уредбите кои што требаше вонредно да извршат исплата на платите на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство. И нема да ги коментирам уште десетиците такви уредби, ќе се задржам само на оние уредби кои што требаше всушност да бидат економска поддршка за граѓаните и за стопанството.

Во првиот сет-мерки кои што ги донесе ресорниот министер и владата, две беа точките кои што беа клучни и тоа 50 проценти субвенција на придонесите и втората е одложување на аконтацијата на данокот на добивка за втората ќе повторам буџетски импликации нема, а за првата да има и во продолжение ќе ја запознам јавноста колкава е искористеноста на таа мерка. Вториот сет на мерки беше мерката 14.500 денари помош за компаниите или минимална плата помош за компаниите за месеците април и мај и покрај тоа што ние како опозиција велевме немојте да го оставате стопанството 2 месеца без никаква помош, ајде да го вклучиме и месец март бидејќи стопанството мора да остане живо бидејќи само живо стопанство и реален сектор значат стабилна и загарантирана иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно беа предвидени 60-ина милиони евра месечно помош во двата месеци, а тоа се месеците мај и јуни, т.ес месецот мај требаше да биде исплатена помошта за месецот април и месецот јуни треба да биде исплатена помошта за месецот мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250 илјади граѓани – вели Мицкоски.

Според него, вкупно во месец мај помош за месец април добиле 17. 813 правни субјекти или компании или вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати речиси помалку од тоа што беше предвидено со уредбата а во вкупен износ, а во вкупен износ се исплатени нешто повеќе од една 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра што е за нешто повеќе од 2 пати помалку од она кое што претходно го најавуваше владата.

– Економската поддршка за стопанството која што беше опфатена во првиот и вториот сет на мерки не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор туку е 2 до 2 ипол пати помала споредено со она кое што беше ветувано. Сега доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик што значи дека помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи во 31 јули. Уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски. Доаѓаме до најголемата лага а тоа е т.н. трет сет на мерки кој што четврти пат ни се најавува на четврта различна прес конференција од трана на ресорниот министер. Овој трет сет на мерки опфаќа три групи на мерки кои што ги предвидела владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделието и земјоделците – вели Мицкоски.

Осврнувајќи се на третиот пакет мерки и ваучерите коишто ќе им бидат делени на граѓаните, Мицкоски вели дека сето тоа е со цел да биде едно ветување предизборно во обид за поткуп преку еднократна мерка која што практично, а така веруваат во владата ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните кои што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори.

– Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки, ќе важи и за третиот сет на мерки, односно веднаш после 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба а сите изгледи се такви дека нема можност за продолжување, членот 8 а од изборниот законик стапува на сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци кои што не се редовни месечни примања, се кривично дело кое што е казниво со закон и затворска казна од минимум 5 години. Ја користам ова прилика, до сите оние кои што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, сите оние кои што ќе се обидат да поткупат, сите оние кои што ќе сторат кривично дело ќе добијат кривична пријава – вели тој.

Мицкоски ја повика Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и антикорупциска комисија, да излезе со став за сето ова кое што изминативе денови по четврти пат од ресорниот министер и од владата им беше соопштувано на македонската јавност, им беше ветувани нешто што никогаш нема да се исполни.