Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

447

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на Македонија“ бидејќи, како што рече тој, по многуте турбуленции што се случија изминатиот период во земјата, потребна ѝ е вистинска обнова.

-По сѐ што се случува во земјата веќе три години, добро е што договоривме датум за избори. Вечерва ги информирав коалициските партнери за темите за кои дискутиравме на лидерската средба вчера. Поради реалноста во која живееме, им предложив коалицијата за подобра Македонија, да се преиенува во коалиција за обнова на Македонија и тоа беше едногласно прифатено – рече Мицкоски.

Тој додаде дека на Македонија ѝ е потрбна обнова по, како што нагласи, арамилукот што ѝ се случува на земјата.

-Ви ветувам расчистување на арамилукот, нови реформи во многу сегметни, враќање на правото и нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата – порача тој.

Рече дека е во преговори со други политички партии за коалицирање, но дека сѐ уште е нејасно дали тоа ќе биде предизборно или постизборно. 

-Со некои од тие што преговараме се видов синоќа, а тие седеа до Зоран Заев – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски нагласи дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголема од таа што ја кажувал Заев за водство на анкетите, но вели дека нивен предизвик е предноста да биде многу поголема за да имаат, како што рече, стабилно мнозинство.

-Првиот дел на состаникот беше да ги информирам што се слчуваше вчера, сега во вториот дел на средбата ќе разговараме и за други теми – истакна тој.