Мицкоски до Даниелсон: Корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството

64

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес се сретна со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, при што му посочи за слабите резултати на власта на полето на реформите важни за членството на државата во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски напомена дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата, како и заштитата на животната средина.

Тој посочи дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник.

Мицкоски, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес и токму поради тоа на Македонија и е потребна Влада посветена на реформските процеси.

Соговорниците беа согласни дека Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилност и просперитет на Балканот, а поддршката на Европската Унија е клучна за остварување на стратешките цели на државата.