Мицкоски во тридневна посета на Франција

91

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на извршниот комитет Игор Николов е во тридневна посета на Париз, Република Франција.

Во текот на посетата ќе оствари билатерални средби со повеќе претставници од францускиот Сенат, францускиот парламент и претставници на француското МНР.

На средбите ќе стане збор за европските перспективи на земјава, надминување на сериозните слабости во борбата против корупцијата и владеењето со правото, како и развивање продлабочена соработка помеѓу двете земји, соопшти партијата.