Милошоски: Заев и Бучковски ќе тргуваат со македонските национални интереси

160

Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на обраќањето пред Владата на денешниот протест „Оставка за Заев, слобода на народот“ рече дека сега Зоран Заев и Владо Бучковски како едни од најкорумпираните политичари заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси.

– Ако до вчера бевме сигурни дека Заев е подготвен да ги распродаде националните интереси на Македонија како еден од најкорумпираните политичари, денес со Бучковски како тандем на најкорумпирани политичари во Македонија, дефинитивно не може да направат ништо, освен да тргуваат со националните интереси. Морам да изразам жалење што еден од нив, господинот Бучковски, како професор на Прaвниот факултет поради лукративни причини се вклучува во оваа опеарција за неправда кон Македонија – рече Милошоски.

Милошоски напомена дека тие двајцата имаат едно нешто заедничко – едниот аболиран за својот криминал, а другиот одбегна да отслужи правосилна пресуда.

– Затоа, нашиот апел денес е не само оставка од заев, Османи и од Димитров, туку и оставка од Бучковски од позицијата што не ја заслужува, никој во државата не смета дека тој може да биде претставник во Бугарија. Тој нема легитимитет бидејќи ниту Владата нема легитимитет – ијави Милошоски.

Милошоски истакна дека државниот секретар на МНР рече дека се водат преговори со Бугарија, но дека не се тајни. Според Милошоски, ако не се тајни, зошто тогаш Заев, Димитров и Османи бегаат од пратениците и од Собранието како средношколци неподготвени и бегаат од часовите по математика.

– Затоа, почитувани пријатели, кога зборуваме за национални интереси, Владата треба да биде отчетна пред Собранието затоа што таму има пратеници избрани од народот – рече тој.

Милошоски укажа дека бегањето од Собранието е само доказ дека прават нешто тајно и не им е во интерес да го објават и да чуе јавноста.

– Доколку тие не дојдат во Собранието, тогаш народот ќе дојде пред Владата и пред МНР додека не си дадат оставка – рече Милошоски.