Метју Палмер на средби со државниот врв и партиските лидери

275

Вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер од денеска до петок ќе престојува во посета на Македонија во рамките на која ќе ја ја изрази поддршката на Вашингтон за Договорот со Грција за решавање на спорот со името, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти Американската амбасада во Скопје.

За време на престојот во земјава Палмер ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.