Манчевски: Без датум за преговори со ЕУ, нема покачување на платите во администрацијата

150

Ако Македонија не испорача резултати за да добие датум за преговори со ЕУ во јуни, а клучен дел за тоа е реформата во јавната администрација, ќе се ревидира и одлуката за покачување на платите во септември, рече вчера министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на буџетот на МИОА за 2019 година, Манчевски истакна дека вработувањето во администрацијата за висококвалификуваните стручни кадри веќе воопшто не е атрактивно, поради што, тие со нешто мора да се привлечат. Квалитетна администрација, дополни, не е потребна само за спроведување на скрининзите за ЕУ и за НАТО, туку и за да добиваат граѓаните квалитетни услуги.

– Платите ќе ги зголемиме, но бараме резултати и тие се видливи, и ќе бидат видливи. Во јуни ќе имаме оцена од Европската комисија дали сме направиле напредок во реформата на администрацијата или не – истакна Манчевски.

Според него, прерано е да се каже колку од вработените во јавната администрација ќе му бидат понудени на приватниот сектор. Тоа, како што рече, ќе се знае кон крајот на 2019 година, откако претходно ќе се реорганизираат и оптимизираат институциите. Процесот ќе биде јавен и транспарентен и во него ќе бидат вклучени и синдикатите и стопанските комори.

– Како што ние ќе излеземе со точни бројки и анализи, очекувам истото тоа да го направи и бизнис-секторот за процесот да успее. И самите тврдат дека им недостига кадар. Ние ќе излеземе со конкретни податоци што може да се понуди, но прерано е сега да се зборува – нагласи министерот.

Тој повтори дека со буџетот на МИОА за 2019 година не се предвидени пари за „рамковни“ вработувања, но правичната застапеност ќе се зема предвид. На прашањето уште колку лица седат дома и земаат плата, Манчевски упати одговор да се побара во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.


За пет предмети се бара одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски

Пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, се испратени до Собранието. Тие ќе бидат разгледувани на за денеска закажаната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“, но пред да почне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.
Тој е обвинет и во случаите на СЈО „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.
Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“,…