Мандатот на Бучковски ќе трае една година

816

Експремиерот Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на нашата земја за Бугарија во времетраење од една година, образложија од Владата.

Оттука велат дека целта за неговото именување е да се назначи специјален претставник со цел да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со договорот за пријателство и добрососедство.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право.