Макрон следниот месец во Македонија и во Албанија?

904

Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува идниот месец да ги посети Албанија и Македонија и да оствари средби со премиерите Еди Рама и Зоран Заев, известуваат албанските медиуми.

По блокирањето на двете земји да ги започнат преговорите за пристапување за влез во Европската Унија, во својот јавен коментар тој рече дека ќе се сретне со Рама и Заев, со цел да разговараат за реформите кои треба да ги превземат двете земји.

Со овој чекор, Макрон се чини дека има за цел да им докаже на Македонија и Албанија дека европските перспективи на двете земји е отворена и оти Франција ќе им помогне да ја постигнат целта. Засега, сѐ уште нема детали за посетата .

Се чини дека реакциите на повеќе европски земји кон француското вето ќе го натераат Макрон да ги посети двете земји.

Од француската амбасада во државава засега нема потврда на информацијата дали Макрон ќе ја посети Македонија идниот месец.