Макрон најави дека ќе ги посети Заев и Рама

1171

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел најави дека наскоро ќе ги посети Македонија и Албанија.

– Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла – додаде тој.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Македонија и Албанија со ЕУ, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата. Тој исто така призна дека бил против зелено светло за Македонија, а црвено за Албанија, со обрзложение дека тоа би предизвикало насилство не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство.