Макрон го пречека Пендаровски во Париз

289

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз.

– Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици – објави Пендаровски на Фејсбук.

Како што претходно беше најавено, Пендаровски утре, 12 ноември, треба да има средба со Макрон.

Македонскиот претседател во Франција ќе престојува до среда, 13 ноември, а утре ќе се обрати на Парискиот мировен форум.

На настанот ќе присуствуваат над 30 шефови на држави и влади.