Македонците во Бугарија бараат македонски јазик во 1922 година

8328

Во 1922 година Управниот одбор на Илинденската организација се обратил до бугарскиот министер за просвета со зборовите: „Ние со целосна искреност констатираме, дека бугарската Влада која потекнува од бугарскиот Земјоделски сојуз, на ова прашање гледа исто како и ние и пропагира нееднострано одделување на Македонија од орбитата на бугарската држава. Турците во Бугарија имаат право да издаваат весници и списанија на турски јазик. Ерменците на ерменски, Русите – на руски, без разлика дали тие се од области кои се присоеднинети кон Русија, или се емигранти. Зошто тогаш да не ни се дозволи и нам, на Македонците, да пишуваме на сопствениот правопис? А таков ние имаме, господине министер. По се што наведовме би било доблест, гоподине министер, од Ваша страна, да ни признаете веќе правото на туѓо население, кое емигрирало од туѓа земја, Македонија.“

Друштвото „Илинден“ било основано во Софија и имало свој орган, весникот „Илинден“, кој од 30 јули 1921 г. започнал да излегува под редакција на А. Панов. Вакви друштва биле основани во повеќе градови со македонска емиграција.  По софиското друштво, кое послужило како основа, се формирале и други друштва. До крајот на 1922 година во различни градови низ Бугарија се создале 31 друштво со вкупно 4.340 членови. Во јануари 1923 година се одржал основачкиот конгрес на Илинденското организација. Таа била раководена од одбор составен од 7 лица, од кои 4 биле избирани од софиското друштво, а останатите од конгресот. Организацијата застанала на позицијата за автономија и независност на Македонија.  

Картичка на Илинденската организација

Со дозвола на османските власти, по завршувањето на  Битката кај Баница, телата на Гоце Делчев и Димитар Гуштанов биле погребани заедно. Во 1906 година, Чаков се вратил во Серско. Зедно со Таската Спасов – Серски решиле да ги откопаат коските на Делчев и Гуштанов и да ги приберат. Бидејќи во близината на гробот имало османлиска стража, тие тајно ги откопале коските и ги однеле во куќата на Никола Мутафчиев, клисар во црквата Св. Никола. По барање на Чаков и Таската, тој изработил сандаче за коските и го сместил под престолот во црквата. Клисарот бил заколнат да ја чува тајната. Во 1907 година Чаков заминал за Баница и го проверил сандачето со коските на Делчев.

Останките на Гоце Делчев во 1944 год.

Во текот на Првата светска војна, Никола Мутафчиев се преселил во селото Кијункој, во близината на Скеча, а тука по некоја случајност се префрлил и Чаков. Во текот на војната Баница настрадала, а сандачето со коските на Делчев останало во црквата. Чаков ги прибрал коските и ги чувал во Скеча, Пловдив и Софија, сè до 1923 година. Во август 1923 година коските на Гоце биле изложени во црквата Св. Недела во Софија, а потоа биле сместени на таванот во црквата.

По еден месец биле прибрани од Илинденската организација во Илинденскиот дом во Софија, каде што биле сместени во саркофаг на кој на предната страна била врежана заклетвата на македонските генерации да ги пренесат коските на Гоце во престолнината на Македонија.