Македонски Брод е една од општините со најголема излезеност

133
Фото: Зоран Антоски

Со 64,68 отсто излезеност на гласачите до 19 часот, општина Македонски Брод се вброи помеѓу општините со најголема излезеност на предвремените парламентарни избори, и се стави во ред на општините каде традиционално граѓаните се општествено најодговорни.

Првите назнаки дека во оваа општина ќе има рекордна излезеност се бројките од првите два пресеци во 9 и во 11 часот, кога оваа општина го фати чекорот со општините со најголема излезеност во земјава.

Општина Пласница и покрај малиот одзив на граѓаните во текот на претпладнето, сепак со една третина излезеност на крајот на гласањето, ги подобри претпладневните бројки. З.А.