Македонските поделби околу Преспанскиот договор и ЕУ го загрижуваат Борисов

441

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е загрижен поради поделбите во македонското општество во врска со Европската Унија, односно околу потпишувањето на Преспанскиот договор, како што пренесуваат бугарските медиуми, по брифингот на вчерашниот самит во Солун.

– Заев направи чуда. Но, ние мораме да бидеме сигурни дека и другите најголеми политички партии во земјата размислуваат на истиот начин. Мора да му помогнеме на Заев да го обедини општеството.  Една земја треба да има јасна потврда од сите бидејќи ова е долгорочен пат – истакнал Борисов, потсетувајќи дека таквиот процес бил лесен во Бугарија поради согласноста на сите партии дека ЕУ и НАТО претставуваат приоритет.