Лукаревска: Битката со ковид-19 не е само здравствен предизвик

37

Битката со ковид-19 не е само здравствен предизвик, обезбедуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра со директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ, Сања Лукаревска.

– Уште на почетокот на ковид-кризата веднаш одговоривме со директни мерки и спроведуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор. Битката со Ковид-19 не е само здравствен предизвик – рече Лукаревска на средбата со граѓаните во Куманово.

Таа кажа дека е обезбедено право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето-плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето-плата по работник, за граѓаните коишто изгубиле работа поради здравствената криза.

– Домаќинставата кои користат гарантирана минимална помош од 4.000 до 10.000 денари зависно од број на членови во домаќинство, ќе остваруваат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за енергенси. Мерките ги креиравме за да дадат финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати на работниците и да овозможат континуитет на работните процеси, но веднаш реагиравме и со конкретни мерки за оние граѓани кои се најдоа во најтешка ситуација поради губење на работното место. Грижата за секој граѓанин е системска и губењето на работното место не дозволуваме да заврши во сиромаштија. Невработените лица имаат право на материјално обезбедување и тоа можат да го остварат на брз и едноставен начин – рече Лукаревска на средбата со граѓани во Куманово.