Лидерската средба продолжува

103

Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи денеска во девет часот наутро, потврдија од Владата.

Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги изгладат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти Заев на првата лидерска во проширен формат  – Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

На маса се очекува да бидат ставени и условите на ВМРО-ДПМНЕ – Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.