Лидерската средба неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

121

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на темите за кои би станало збор на состанокот.

Додека СДСМ е на ставот дека е најважно лидерите да седнат на маса и да разговараат за статусот на Специјалното јавно обвинителство, пописот и новиот Изборен законик, опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се разговара за предвремени избори.

Од СДСМ велат дека не бегаат од разговор и го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите кои се од интерес на државата.

Опозициската партија, пак, верува дека во земјата во моментов нема амбиент за политички дијалог помеѓу власта и опозицијата и инсистира на предвремени избори.

– Потребна е политичка зрелост кај власта за да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми е на Илинденска број 2 – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати најави дека ќе го покани Христијан Мицкоски на лидерска средба.