ЛДП на изборите ќе коалицира со СДСМ

274

Членовите на Централниот одобор на ЛДП одлучија на престојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.

– На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери – вели Милевски.

ЛДП дискутираше и ги утврди кандидатите за пратеници кои дополнително ќе се промовираат во јавноста.

Потсетување дека на минатите парламентарни избори од ЛДП три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50 проценти од советниците на ЛДП во општинските совети се жени.

– Ние на овој интернационален ден на жената како либерали бараме родова еднаквост во општествово. Морам со гордост да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две се жени. Жените во нашата партија имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста – додаде Милевски.