Лавров: Нема докази за руско мешање во внатрешните работи на Македонија

229

Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето „за промена на името на Македонија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на 55-та Минхенска конференција за безбедност.

– Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази – нагласи Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, „но изборот бил направен во корист на натоцентризмот“.